Маки, Ката и Џиџи се верни другари кои веруваат во своите младешки идеали. Но кога Маки и Ката ја објавуваат својата свршувачка, кај Џиџи се појавува љубомора. Во тој период на комунистички ликвидации, во 1951, се случува неразјаснето убиство на петмина студенти, меѓу кои е и Маки. Половина век подоцна, Алавантие, како сведок и истражувач, се враќа во родната Струмица со досието „Златна петорка“. Неговите тајни и сознанија внесуваат дополнителен немир во брачниот живот на Ката и Џиџи. Во филмот провејува мотивот инспириран од вистинитиот настан за петтемина струмички студенти за кои УДБА водела специјално досие под кодни имиња, тема која долги години беше табу-тема кај нас, за конечно преку оваа возбудлива филмска сторија, да добиеме филмска екранизација која е исто толку филм за минатото, колку што е филм и за сегашноста.
Жанр: Драма, Историски, Романтичен / љубовен
Траење на филмот : 91 минути
Режија: Горан Тренчовски
Улоги: Петар Арсовски, Игор Ангелов, Љупка Џундева, Јана Стојановска, Ненад Милосављевиќ
Возрасна категорија: Трета категорија, 12+
Датуми на прикажување:
26.10.2016 СРЕДА во 22:15 ч.
27.10.2016 ЧЕТВРТОК во 20:00 ч.
28.10.2016 ПЕТОК во 20:00 ч.
29.10.2016 САБОТА во 20:00 ч.
30.10.2016 НЕДЕЛА во 20:00 ч.
Цена на влезниците: 100 денари.