Jappeloup
На почетокот на 80-тите години, Пјер Диран се откажува од успешна адвокатска кариера и се посветува на неговата пасија: трка со коњи. Поддржан од татка си, Пјер вложува во млад коњ, во кого речиси никој не верува: Жапелу. Од трка во трка, дуото напредува и станува влијателно во светот на овој спорт.
Но, на Олимписките игри во Лос Анџелес доживуваат голем неуспех и тогаш Пјер станува свесен за слaбостите на неговиот коњ…
Жанр: биографија, драма, спорт
Траење на филмот: 130 мин
Режија: Christian Duguay
Улоги: Guillaume Canet, Marina Hands, Daniel Auteuil
Датуми на прикажување: 12.05.2015 20:00ч
Филмот ќе се прикажува во мала сала.
Влез бесплатен