Приказна за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Откриваме дека Александра е всушност ќерка на Арно. Откриваме дека Горди баш и не го почитува законот и дека Арно сепак има еден закон – дадениот збор. Тој и ветил на мајката на Александра дека ќе се грижи за неа и за Горди ако е потребно тој ќе го почитува дадениот збор на свој, крвав, начин.
Жанр: трилер,драма
Траење на филмот: 89 мин
Режија: Слободан Деспотовски
Улоги: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.
Возрасна категорија:
Датуми на прикажување:
06.12.2015 НЕДЕЛА во 22:00 ч. (МАЛА САЛА)
07.12.2015 ПОНЕДЕЛНИК во 20:00 ч. (МАЛА САЛА)
08.12.2015 НЕДЕЛА во 20:00 ч. (МАЛА САЛА)
Цена на влезниците -100 ден