BLOOD FATHER
Дејството на филмот го следи поранешниот осуденик Џон Линк, чија шеснаесетгодишна ќерка западнала во проблеми со насилните дилери на дрога.Дејството на филмот го следи поранешниот осуденик Џон Линк, чија шеснаесетгодишна ќерка западнала во проблеми со насилните дилери на дрога. И покрај тоа што Џон донекаде се смирил и привремено се откажал од своите поранешни бурни активности, по игра на случајот се враќа во „игра“ на ивица на законот и разумот со цел да ја заштити својата оттуѓена ќерка и повторно да воспостави родителски однос со неа. По пауза од четири години, ова е прв филм во кој Мел Гибсон има главна улога. Во филмот глумат и Ерин Моријати, Диего Луна и Мајкл Паркс.
Жанр: Акција, Трилер
Траење на филмот : 92 минути
Режија: Jean-François Richet
Улоги: Mel Gibson, Elisabeth Röhm, William H. Macy, Thomas Mann, Diego Luna, Erin Moriarty, Raoul Max Trujillo
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Датуми на прикажување:
наскоро
Цена на влезниците: 150 денари.