MA LOUTE
Неколку туристи исчезнаа на плажата. Озлогласените инспектори Мачин и Мелфој набрзо сфаќаат дека овие мистериозни исчезнувања се одвиваат на заливот Слек, каде што живее заедница риболовци. Меѓу нив постои необична фамилија Брифорт, на чело со таткото, „Вечниот”, кој управува сo своите синови, склони на сплетки, особено огнениот Ма Лут. Од другата страна, високо кон поглед на заливот се наоѓа вилата на буржоазиската фамилија Ван Петегемс, која привлекува внимание на локалното население, но најмногу на младиот и немирен Ма Лут, кој се заљубува во ќерката на фамилијата Ван Патегемс. Така започнува необична љубовна приказна помеѓу Ма Лут и младата и немирна Били Ван Петегем, која ќе затресе и двете семејства.
Жанр: комедија
Траење на филмот : 122 минути
Режија: Bruno Dumont
Улоги: Fabrice Luchini, Juliette Binoche, Valeria Bruni Tedeschi
Возрасна категорија:
Дистрибутер: МЦФ МКД
Датуми на прикажување:
02.02.2017 ЧЕТВРТОК во 22:00ч.
Цена на влезниците: 100 денари.