Des Hommes et des Dieux
Манастир сместен во планините на Магреб, во деведесеттите години од ХХ век. Осум француски христијански монаси живеат во хармонија со нивните муслимански браќа.Кога една екипа странски работници е масакрирана од исламистичка група, во регионот завладува терор. Војската им понудува заштита на монасите, но тие одбиваат. Треба ли да си заминат? И покрај сè поголемите закани околу нив, одлуката на монасите да останат по секоја цена ден по ден се остварува…Овој филм наоѓа слободен израз во инспирацијата од животот на цистерсијанските монаси од Тибхирин во Алжир, од 1993 до нивното грабнување во 1996.
Режија: Гзавие Бовоа
Улоги : Ламбер Вилсон, Мајкл Лонсдал, Оливие Рабурди.
Датум на прикажување: 17.04.2015 во 21.00 ч.
Мала сала
Влез бесплатен