УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ
La belle & la bête
После загубата на богатството во морето, еден очаен трговец е принуден да се повлече на село со своите шест деца, меѓу кои се наоѓа и неговата љубимка и најмлада ќерка, Бела. На напорното патување трговецот го открива волшебното царство на Ѕверот. Воодушевен од прекрасната, но забранета роза која ја наоѓа таму, решава да ја украде и да ѝ ја однесе како подарок на својата најмила Бела. Меѓутоа, поради оваа постапка Ѕверот го осудува на смрт. Бела, која се обвинува себеси за страшната несреќа што го снашла нејзиното семејство, решава да го жртвува сопствениот живот во замена за татковиот. Меѓутоа, нејзе не ја очекува смрт, туку чуден живот исполнет со радости, магија и меланхолија. Бела и Ѕверот постепено се зближуваат и градат меѓусебна доверба. Таа открива дека зад дивото и осамено суштество се крие маѓепсан згоден принц, па вооружена со сопствената сила и срце успева да го ослободи Ѕверот од клетвата и на тој начин да ја спознае вистинската љубов.
„Убавицата и ѕверот“ е семејна приказна која ја раскажува универзалната бајка за заљубената двојка чијашто љубов опстанува наспроти разликите. Тоа е повеќеслојна приказна наменета и за децата и за возрасните која, меѓу другото, раскажува за моќта на љубовта наспроти материјализмот и расипаноста, што претставува битна приказна за нашево време.
Жанр: фантазија, романса
Траење на филмот: 112 мин.
Режија: Christophe Gans
Улоги: Vincent Cassel, Léa Seydoux, André Dussollier
Датуми на прикажување:
Четврток 27.03.2014 проекција во 20.00 часот Голема сала
Петок 28.03.2014 проекција во 20.00 часот Голема сала
Сабота 29.03.2014 проекција во 20.00 часот Мала сала
Недела 30.03.2014 проекција во 22.00 часот Мала сала
Мала сала
Цена на влезници: 100 денари