Битола ја доби истата кино опрема како Венеција, Кан и светските филмски центри-најсовремената опрема на првото 3Д кино надвор од Скопје.
Богатата програма на центарот за култура продолжува и овој период, почнувајќи со една од најзначајните манифестации-филмскиот фестивал Браќа Манаки кој започнува од 14 ти и трае до 20 ти септември.Се отвара со филмот Соба со пијано кој и после завршувањето на фестивалот ќе се прикажува во центарот за култура.
Соработката со МОБ продолжува со гостувањето на балетот- Александар трети Македонски.
За вљубениците во фолклорната уметност во Битола ќе се одржи заеднички концерт на Танец со националниот ансамбл Коло од Србија.
5 -то издание на фестивалот на музика од светот ќе понуди исклучителни имиња.
За љубителите на ликовната уметност се организирани изложби на реномирани уметници.
Да не го заборавиме и интернационалниот фестивал на класична музика Интерфест Битола кој традиционално се одржува во месец октомври.