Пензионираниот железничар Марко Петровиќ ги живее монотоно своите пензионерски денови се до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени кои секоја од нив подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана.
Режија: Бранко Бауер
Сценарио: Слободан Глумац
Музика: Бојан Адамиќ
Улоги: Гал Дубравка, Стефановиќ Душан, Кон Марија, Мишковиќ Светлана и др…
Година: 1959
Tраење: 93 минути
Награди: 1960 ФЈИФ, Пула, Бронзена арена од жирито за филм 1960 ФЈИФ, Пула, Награда за епизодна улога на Светлана Мишковиќ
17.11. ВТОРНИК во 21.00 ч.
Проекциите се во мала сала по цена од 100 денари.