Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.
Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот – комунистичкиот режим во распад – по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.
Режија: Столе Попов
Сценарио: Мирко Ковач
Музика: Љупчо Константинов
Улоги: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др…
Година: 1991
Траење: 128 минути
Награди:
– Гран При 1991 ФФ, Херцег Нови
– Прва награда ” Златна мимоза” за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш
– Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ “Милтон Манаки” Битола
и други…
22.11.2015 НЕДЕЛА во 22.00 ч.
Проекциите се одржуваат во мала сала, цена 100 денари.