Филмот е црна комедија, во која режисерот Лунгулов низ приказната на Берберот Марко се обидува да ни ја прикаже социјалната приказна на неколку карактери и нивната судбина во едно мало место на Балканот. Берберот Марко во еден момент се решава на очајнички потег да го спаси својот брак и со тоа да ја импресионира својата жена Љубинка, а воедно да
го оживее своето гратче кое е на умирање, решава да му подигне споменик на поп идолот Мајкл Џексон.Главните улоги ги толкуваат Борис Миливојевиќ и Драган Бјелогрлиќ, а една од главните улоги од кај нас ја толкува Тони Михајловски, а помали, но значајни епизодни улоги од Македонија имаат Петар Мирчевски и Жаклина Стефковска. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Бранислав Трифуновиќ, Наташа Тапушковиќ, Мирјана Kарановиќ, Љубомир Бандовиќ… Филмот се снимаше во Србија и Македонија, а од Македонија во филмот учествуваа и сценографот Kирил Спасески, снимателот на
звукот Игор Поповски, бум-операторот Дарко Бошковски, додека продуцент на филмот е Огнен Антов.
Жанр: Комедија
Траење на филмот:
Режија: Дарко Лунгулов
Улоги: Борис Миливојевиќ и Драган Бјелогрлиќ, Тони Михајловски
Возрасна категорија: Трета категорија, 12+
*проекции во МАЛА САЛА
Датуми на прикажување:
САБОТА 06.12.2014 20.00 ч.
НЕДЕЛА 07.12.2014 20.00 ч.
ПОНЕДЕЛ. 08.12.2014 20.00 ч.
ВТОРНИК 09.12.2014 20.00 ч.
СРЕДА 10.12.2014 20.00 ч.
ПЕТОК 12.12.2014 20.00 Ч.
Цена на влезници: 100 денари