СИНА Е НАЈТОПЛАТА БОЈА
La vie d’Adèle
„Сина е најтоплата боја“ е предмет на контроверзии уште од својата премиера на овогодинешниот Канскиот филмски фестивал. Петнаесетгодишната Адел сонува да ја искуси својата прва љубов. Едно убаво момче од нејзиниот клас се вљубува во неа, но вознемирувачка еротска мечта ја стресува врската уште пред таа да почне. Адел замислува дека мистериозната, синокоса девојка која случајно ја сретнува на улица, доаѓа во нејзиниот кревет и води љубов со неа. Синокосата девојка, која е самоуверена и постара студентка по уметност, наскоро навистина влегува во животот на Адел со што почнува силна и комплицирана љубовна приказна која трае една деценија и е неверојатно универзална во својата суштина.
Жанр: Драма
Траење на филмот: 179 мин.
Режија: Abdellatif Kechiche
Улоги: Léa Seydoux, Adèle Exarchopoulos, Salim Kechiouche, Jérémie Laheurte, Catherine Salée
Датуми на прикажување:
Четврток 20.03.2014 проекција во 20.00 часот
Петок 21.03.2014 проекција во 20.00 часот
Сабота 22.03.2014 проекција во 20.00 часот
Недела 23.03.2014 проекција во 20.00 часот
Мала сала
Цена на влезници: 100 денари