СИ БЕШЕ ЕДНАШ ЕДНА ШУМА
Документарниот филм „Си беше еднаш една шума“ започнува во крошната на едно големо дрво моаби во сливот на реката Конго и Габон, додека познатиот француски ботаничар, Франсис Ал седи на гранка и црта. Секоја билка и секое животно во шумата се интимно поврзани.
Новиот филм на францускиот режисер Лик Жак не претставува само омаж на величествената прашума туку и апел за нивна заштита од изумирање. Жак ја следи животната приказна на прашумата во која во текот на стотина години се одиграле природни процеси.
СИНХРОНИЗИРАНО
Документарен
Препорачана возраст: 4+
Земја на потекло: Франција
Траење: 78 минути
12.12.2014
ПЕТОК
во 18.00 ч.
Цената за единечен билет ќе изнесува 100 денари, а за групни посети 70 денари.