Whiplash
Andrew Naiman е млад амбициозен џез тапанар кој сака да се пробие до врвот. Прогонуван од фактот дека татко му е пропаднат писател, Andrew секој ден копнее да стане најдобриот тапанар на сите времиња. Terence Fletcher е професор подеднакво познат по својот учителски талент и застрашувачките методи, е водител на врвниот џез бенд на кој му се придружува Andrew. Неговата страст за перфекција, наскоро се претвора во опсесија, а немилосрдните методи на учителот ќе го втурнат до границите на сопствените можности, но и до границите на менталното здравје. Неверојатната актерска изведба на J.K.Simmons му донесе Златен глобус, а на интернет се шират гласините и за Оскар но, тоа ќе го дознаеме за еден месец.
Жанр: Драма, Музички
Траење на филмот: 107 мин.
Режија: Damien Chazelle
Улоги: Miles Teller, J.K. Simmons, Melissa Benoist
Возрасна категорија: Трета категорија, 12+
Датуми на прикажување:
САБОТА 31.01.2015
22.00
НЕДЕЛА 01.02.2015
22.00
Цена на влезници: 100 денари