РИО 2 (3D)
RIO 2 (3D)
Блу, сина ара, живее совршен живот во Рио де Жанеиро со својата сакана жена Бисера и нивните три деца. Но, кога Бисерка ќе одлучи дека децата мораат да научат да живеат како и сите останати птици, работите се комплицираат…Семејството заминува од магичниот Рио во непознатите шуми на Амазонија, во кои Блу, како несмасна градска птица, не се снаоѓа баш најдобро. На патувањето, доживуваат бројни авантури, но за најголемата авантура не беа воопшто спремни – запознавањето со семејството на Бисера. Особено Блу, кој останува без текст кога ќе ја запознае својата ташта, мајката на Бисера. И покрај тоа што настојува да се вклопи, Блу се’ повеќе се плаши дека ќе ги изгуби своите жена и деца во новото окружување… Веќе комплицираната ситуација во која што се наоѓа, дополнително ја отежнува познатата злобна птица од првиот дел, Најџер, кој полека ја подготвува својата одмазда.
Жанр: анимиран
Траење на филмот:100 мин.
Режија: Carlos Saldanha
Улоги: Anne Hathaway, Rodrigo Santoro, Jamie Foxx
Датуми на прикажување:
САБОТА 10.05.2014 | 12.00 ч. |
НЕДЕЛА 11.05.2014 | 12.00 ч. |
САБОТА 17.05.2014 | 12.00 ч. |
НЕДЕЛА 18.05.2014 | 12.00 ч. |
САБОТА 24.05.2014 | 12.00 ч. |
НЕДЕЛА 25.05.2014 | 12.00 ч. |
ПОПУСТ: ЗА КУПЕНИ ТРИ ИЛИ ПОВЕЌЕ ВЛЕЗНИЦИ ПЛАЌАТЕ ЦЕНА ОД 170 ДЕН. НАМЕСТО РЕГУЛАРНА ЦЕНА ОД 200 ДЕН.