ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА (мала сала)
Рејтинг 0
Вкупен рејтинг од оцени на гласачи. Можете и вие да оставите оценка. Само притиснете на звездичките и "Прифати" копчето.
Прифати
Summary 0.0 лошо

REBIRTH: VOICE OF SILENCE

Две прашања: Сами сме во универзумот или не?
И двата одговори се подеднакво застрашувашки.
REBIRTH, индиректно и метафорички поставува прашања за човекот како најинтелегентно битие на Земјата, за неговото постоењето, неговите навики, апсолутната љубов и енергија, психоделијата, смртта и што после истата, без да даде целосни одговори. Павел, централниот лик е еден од неколкуте избраници на засега недопрената и непознатата интелегенција која не контролира сите нас, без ние да сме свесни за тоа. Токму таа интелегенција е главната причина за осаменоста, изгубеноста и безнадежноста на Павел.
Љубљана, градот на мракот, е главниот причинител за чуството на безизлезност кое го обзема Павел, будејќи му сеќавања за неговата единствена и загубена љубов, Касиа. Бегството не е решение, Павел не е свесен за истото. Експериментирајќи со психоделични супстанци наидува на најмоќната од сите, ајахуаската. Тоа е неговиот почеток на крајот. Чуството да сакаш некого, без способноста тоа да го искажеш создава немоќ, но во исто време ја отсликува апсолутната љубов. Сосема неочекувано, Павел слуша глас од далечина, тоа е милозвучниот глас на Касиа по кој копнеел цели 3 години. Тие започнуваат интимна и непрестана комуникација за се она што се случило и се она што треба да се случи навлегувајќи длабоко во своите премолчени чувства и емоции. Љубљана, постанува градот на светлината за Павел и сите места кои што претходно ги доживувал како мрачни побудувајќи му само спомени и носталгија добиваат моментално пристуство и значење како никогаш. Присуството на Касиа му е првото повторно раѓање. Константно се поставува прашањето: Дали Касиа навистина постои или е само креација во умот на Павел? Појавувањето на Касиа не носи никакви одговори, со тоа таа ја открива својата мрачна страна и мистериозноста на овие кои не имаат креирано и оставено да талкаме во потрага по надеж создавајќи „МЕСТО“ каде надежта последна умира. Павел е во постојана потрага по тоа магично „место“ каде сите желби постануваат реалност, „местото“ навистина постои и е прекрасно, но патот до таму е скоро невозможен, само неколкумина го имаат поминато. Павел не е свесен во што се впушта и нема одговор на прашањето: Колку пати треба да „умреме“ за да се родиме повтоно?
Shanti, shanti, shanti.

Жанр:Мистерија, драма, романса

Траење на филмот :  82 минути

Режија: Илија Павлов

Улоги: Илија Павлов (Павел), Душица Настова (Касиа)

Возрасна категорија:

Дистрибутер: 

Датуми на прикажување

Петок 14.10.2022. 20:10
Сабота 15.10.2022. 20:10


Цена на влезниците: 
100 денари.

Поврзани објави

БИБИ И БОБИ ВО СНЕШКОВГРАД

БИБИ И БОБИ ВО СНЕШКОВГРАД

Каква новогодишна авантура! Неверојатна, возбудлива и како и секогаш - непредвидлива! Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за таму да ја пречекаат Новата година. Но, Снешковград е пуст и тивок. Каде се сите снешковци? Зошто никој не ја прославува Новата година? Гледајте ја оваа...

МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ: ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА

МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ: ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА

Puss in Boots: The Last Wish Мачорот во чизми открива дека неговата желба за авантура има последици - потрошил 8 од неговите 9 животи. Мачорот оди на патување да ја најде митската последна желба и да си ги врати своите 9 животи назад. Жанр: Анимиран / цртан, Комедија, Авантура Траење на...

МЕНИ

МЕНИ

The Menu Млад пар патува на далечен остров за да вечераат во ексклузивен ресторан каде шефот подготвува раскошно мени, со елементи на шок и изненадување. Жанр: Комедија, Хорор Траење на филмот : 106 минути Режија: Mark Mylod Улоги: Anya Taylor-Joy, Ralph Fiennes, Nicholas Hoult...