Одлуката донесена во Букурешт со помош на Големите сили во 1913 ја распарчува Македонија и како територија и како народ. Тие последици ќе останат и еден век потоа. Како независна држава создадена многу подоцна по Букурешт, Македонија се соочува со проблемот на: името, идентитетот , црквата, интеграциите. Она што се случувало во 1913 година има влијание и денеска. Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот договор, но, и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто братоубиството заради сојузништвото со Бугарите, Србите или Грците е правило, а не реткост во Македонија ? Постои ли воопшто некој кој е Македонец од Македонија?
„Последниот Македонец – Патот до истребувањeто” дава многу одговори, но и наметнува дилеми кои инспирирани од содржината би можеле да се дискутираат во научните кругови на Балканот помеѓу балканските политичари, па и пошироко.
Жанр: Документарен
Траење на филмот: 96 минути
Режија: Илија Пиперкоски
Улоги:
Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Лјутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли
Возрасна категорија:
Датуми на прикажување:
27.01.2016 СРЕДА во 20:20 ч.
Цена на влезниците -100 ден