SPOTLIGHT
Филмот е заснован на вистинска приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовниот новинар на Бостон Глоуб почнува да ги истражува наводите за злоставување деца во католичката црква. Нивното долготрајно истражување открива децении заташкувања на највисоките нивоа од верскиот, од правниот и од државниот систем. Тие го придвижија бранот револуции во целиот свет.Филмот доби шест номинации за Оскар – за најдобар филм, за најдобра режија (Томас МекКарти), за споредна машка улога (Марк Рафало), за споредна актерка (Рејчел МекАдамс), за монтажа и за оригинално сценарио.
Жанр: Драма, Трилер
Траење на филмот : 128 минути
Режија: Thomas McCarthy
Улоги: Mark Ruffalo, Michael Keaton, Rachel McAdams, Liev Schreiber
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Датуми на прикажување:
12.03.2016 САБОТА во 22:15 ч.
13.03.2016 НЕДЕЛА во 22:15 ч.
Цена на влезниците: 150 денари.