Нова техничка опрема доби големата сала при при Центарот за култура Битола, каде ќе се одржи интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој започнува в сабота.
Големата сала е опремено со ултра модерен дигитален 3Д кино проектор од водечкиот светски производител на дигитални проектори „Barco“ со можност за проекции во висока 2К резолуција.
Постоечкото платно е заменето со ново, високо рефлективно, со што нивото на квалитетот на сликата ќе ги достигне стандардите на светските кино сали. Додека за потполно нов 5.1 и 7.1 сараунд звук е инсталиран Долби систем CP 650, што значително ќе ги подобри перформансите во поглед на звукот. Со ова Фестивалот но и градот Битола добива современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук.
Со тоа се отвора едно ново поглавје во киното во Големата сала при Центарот за култура Битола, кое набрзо после фестивалот ќе започне и со редовни 3Д проекции на најновите филмски остварувања, односно целта е кино репертоар 365 дена во годината во Центарот за култура.
http://www.plusinfo.mk/vest/105670/FOTO-Nova-kino-oprema-dobi-Centarot-za-kultura-vo-Bitola