По Втората светска, социјалистичката револуционерната војна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат, поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна
Режија: Љубиша Георгиевски
Сценарио: Анте Поповски
Музика: Тома Прошев
Улоги: Ристо Шишков,Бранислав Јериниќ, Дарко Дамевски, Драгомир Фелба, Нада Гешовска, Петре Прличко и др…
Година: 1968
Траење: 81 минути
Награди: Специјални награди за актерите Дарко Дамевски, Ристо Шишков и Марија Исаја 1968 ФФ, Ниш
20.11.2015 ПЕТОК во 22.00 ч.
Проекциите ќе се одржуваат во мала сала, цена 100 денари.