Пингвините од Мадагаскар (3D)
Penguins of Madagascar (3D)
Супер шпионите не се раѓаат… тие се испилуваат. Откријте ги тајните на откачените и смешни птици кои тајно учествуваат во светската шпионска мрежа: Скипер, Ковалски, Рико и Прајват. Овие елитни момци ги здружуваат своите сили со тајната организација Северен Ветер, која е предводена од симпатичниот и крупен Таен Агент (би можеле да ви го кажеме неговото име, но тоа… знаете… може да го открие неговиот идентитет). Заедно тие мораат да го сопрат лошиот Доктор Октавиус Брин кој сака да го уништи светот.
Жанр: Анимиран
Траење на филмот: 92 мин.
Технологија: 3D
Режија: Eric Darnell, Simon J. Smith
Улоги: Tom McGrath, Chris Miller, Christopher Knights
Возрасна категорија: Втора категорија, родителски надзор
Датуми на прикажување:
САБОТА 29.11.2014 | 12.00 ч. |
НЕДЕЛА 30.11.2014 | 12.00 ч. |
ЧЕТВРТОК 04.12.2014 | 18.00 ч. |
САБОТА 06.12.2014 | 18.00 ч. |
НЕДЕЛА 07.12.2014 | 18.00 ч. |
Цена на влезници: 200 денари
Цена со фамилијарен попуст: 170 денари (за три или повеќе купени влезници)