Cinderella
Пепелашка е игран филм снимен по класичната бајка за Пепелашка. Приказната ја прати судбината на младата Ела, чиј татко се преженил по смртта на нејзината мајка. По ненадејната смрт на нејзиниот татко Ела останува на милост и немилост на нејзината маќеа и двете нејзини керќи, кои ќе ја претворат во нивна слугинка, секогаш прекриена во пепел по што ќе ја наречат Пепелашка. Пепелашка еден ден во шумата ќе има судбоносна средба со својата сродна душа, шармантниот принц. По средбата кралството организира бал на кој ќе ги покани сите девојки, на кој принцот ќе може да ја избере својата идна сопруга. Младата Ела и покрај сите работи кои ќе и ги приреди маќеата за да не стигне на балот, ќе успее да оди со помош на своите невообичаени пријатели и нејзиниот живот ќе се смени засекогаш.
Жанр: Фантазија, романтичен
Траење на филмот: 105 мин.
Режија: Kenneth Branagh
Улоги: Lily James, Richard Madden, Cate Blanchett
Возрасна категорија: Втора категорија, родителски надзор
Датуми на прикажување:
ПОНЕДЕЛНИК 30.03.2015 20.00
ВТОРНИК 31.03.2015 22.00
СРЕДА 01.04.2015 20.00
Цена на влезници: 150 денари (фамилијарен попуст: 120 денари за купени три
или повеќе билети)