Дали честа на данската нација може да биде спасена од проблематичното трио – Олсеновата банда? Подмолниот бизнисмен Бенг Јохансен го продава најголемиот пронајдок и државната тајна, машината за оптимизација на масло. Меѓутоа, легендарниот Егон Олсен има план – како за себе да обезбеди уште пари и да го спаси образот на државата. Заедно со својата банда се обидува да му „ги замрси конците“ на Јоханес и да го сочува пронајдокот. Сè што е потребно е торба за ладење, чадор, стап, и две гуми за џвакање. Приказната за Олсеновата банда во последните педесет години на големото платно се нашла преку десетина пати во Норвешка и Данска.
СИНХРОНИЗИРАНО
Анимација, семеен
Препорачана возраст: 5+
Земја на потекло: Данска
Траење: 80 минути
15.12.2014
ПОНЕДЕЛНИК
во 18.00 ч.
Цената за единечен билет ќе изнесува 100 денари, а за групни посети 70 денари.