Новото дигитално 3-Д кино во Битола од денес почнува со работа

Со проекција на филмовите „Штрумофови-2“ во 17 часот и „Гравитација“ во 20 часот, денеска националната установа Центар за култура во Битола ќе го промовира и отвори првото дигитално 3-Д кино во овој град.

Како што истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола, почетокот на редовниот репертоар ќе се одвива под мотото „Се гледаме на кино“ кое е опремено со ултра модерен дигитален 3-Д кино проектор од водечкиот светски производител на дигитални проектори „Барко“ со можност за проекции во висока 2К резолуција.

– На репертоарот ќе има филмови за сите генерации, за децата, тинјџерите и за возрасните. Првите изненадувања ќе бидат приредени денес бидејќи го ребрендиравме фоајето на центарот за култура, посетителите ќе може да купат пуканки и да се фотографираат со кукли на јунаците од понудените филмови, а за првите гости ќе има и други изненадувања, посочи Димитровски.

Новото кино е со капацитет од 800 седишта кои за 3-Д филмовите ќе бидат ограничени на 400 седишта. Постоечкото кино платно е заменето со ново високо рефлективно, а за новиот сараунд звук инсталиран е Долби систем ЦП-650.

– Со овој зафат градот добива современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук. Кино репертоарот ќе се одвива во текот на целата година и притоа ќе бидат емитувани светски кино-хитови меѓу кои на 21 ноември, премиерно во Македонија ќе биде емитуван филмот „Советникот“ кој директно доаѓа од Холивуд. За потребите на кино-публиката во Битола ќе соработуваме со кино-дистрибутерите „Филипс филмс“, „Континентал филмс“, „МЦФ мегаком филмс“ и други постојани соработници, потврди Димитровски.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/134698-Novoto-digitalno-3-D-kino-vo-Bitola-od-denes-pocnuva-so-rabota

Поврзани објави

ПЕЈТЕ СО НАС 2

ПЕЈТЕ СО НАС 2

Sing 2 Бастер Мун и неговите другари мора да го убедат Клеј Каловеј, повлечена рок ѕвезда да им се придружи на отварањето на новото шоу. Жанр: Анимиран / цртан, Комедија Траење на филмот : 110 минути Режија: Garth Jennings Улоги: Возрасна категорија:  втора категорија...

ВРЕСОК 5

ВРЕСОК 5

Scream 25 години по убиствата во Вудсборо, нов сериски убиец испливува на површина и Сидни Прескот мора повторно да се врати и да ја открие вистината. Жанр:Хорор Траење на филмот : 114 минути Режија: Matt Bettinelli-Olpin, Tyler Gillett Улоги: Neve Campbell, Courteney Cox, David...

МАТРИКС: ВОСКРЕСНУВАЊА

МАТРИКС: ВОСКРЕСНУВАЊА

The Matrix Resurrections Враќање во светот на две реалности: едната, секојдневието; другата, што се крие зад него. За да открие дали неговата реалност е конструкција и за вистински да се спознае себеси г-дин Андерсон ќе треба да избере уште еднаш да го следи белиот зајак. Жанр:Акција...