Новата современа дигитална кино- опрема е поставена во Центарот за култура за најновото издание на 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” кое свечено ќе биде отворено в сабота во Битола и од технички аспект ќе биде на највисоко ниво во историјата на одржување на Филмскиот фестивал
– Со новата современа дигитална опрема, ќе добиеме кристално чиста слика и одличен звук на кино- проекциите , нешто што недостасуваше во изминатите години. Во средината на октомври се планира да почне со работа новото дигитално 3 Д кино и нашата цел преку целата година да има кино-проекции. Најновите холивудски хитови и филмските остварувања од европското кинематографија ќе бидат дел од репертоарот за љубителите на филмската уметност. Главно идејата е големата сала на Центарот за култура со новата опрема и во полн капацитет да функционира како кино сала – изјави денеска на прес-конференција, директорот на Центарот за култура- Битола, Борче Димитровски.
Министерството за култура, Филмскиот фонд, Општина Битола и европската мрежа Еуроимаж финансиски ја помогнаа набавката на кино-опремата.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=24057