МРАВКО
Откако го каснала мравка, дванаесетгодишното момче Пеле добива супер моќи. Со помош на вљубеникот во спортовите Вихем, Пеле создава таен идентитет – се претвора во супер херојот Мравко. Кога страшниот негативец под име Мува ќе ја нападне малата заедница во која живее Пеле, Мравко мора да одговори на заканата и да ги заштити своите пријатели.
На сите ни се познати супер хероите како Бетмен, Супермен, Спајдермен, но она што ќе го научиме од овој филм е дека храброста не зависи од тоа дали си мал или голем, зашто хероите „доаѓаат во сите големини“.
СИНХРОНИЗИРАНО
Игран, авантура, комедија
Препорачана возраст: 7+
Земја на потекло: Данска
Траење: 77 минути
13.12.2014
САБОТА
во 18.00 ч.
Цената за единечен билет ќе изнесува 100 денари, а за групни посети 70 денари.