MIA MADRE
Маргерита е режисерка што снима филм со познатиот американски актер, Бери Хагинс, кој ѝ создава многу главоболки за време на снимањето. Настрана од снимањето, Маргерита се обидува да остане смирена, и покрај болеста на мајка ѝ и справувањето со пубертетот на ќерка ѝ.
Фокусирајќи се на напорите на Маргерита да го заврши нејзиниот социјално реалистичен филм со високи морални принципи за останувањето без работа, економските кризи и затворањето фабрики, „Мојата мајка“ прави фантастичен контраст помеѓу светот на филмот и секојдневните проблеми со кои се соочува едно семејство.
Траење на филмот: 87 Минути
Режија: Nanni Moretti
Улоги: Margherita Buy, John Turturro, Giulia Lazzarini, Nanni Moretti, Beatrice Mancini, Stefano Abbati, Enrico Ianniello, Anna Bellato
Датуми на прикажување:
18.12.2015 ПЕТОК ВО 21.00 Ч (мала сала)
Цена на влезниците -100 ден