Приказна за возбудливото патување на малото момче кон врвот и остварување на желбата да стане еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, Лионел Меси, конечно доби филм. Режисерот Алекс де ла Иглесија на големото платно ја пренесе приказната за четирикратниот добитник на Златната топка и за неговиот животен пат од родната Аргентина до спортските височини. Без оглед на тоа дали сте обожавател на фудбалскиот клуб Барселона илисамо ги сакате приказните за луѓето кои се добри во она што го прават, филмот „Меси“ нема да ве остави рамнодушен.
Жанр: Документарен
Траење на филмот: 93 мин.
Режија: Álex de la Iglesia
Улоги: Víctor Alcaraz, Julia Azar, Marc Balaguer
Возрасна категорија: Втора категорија
Датуми на прикажување:
НЕДЕЛА 15.02.2015 18.00
ЧЕТВРТОК 19.02.2015 18.00 (мала сала)
НЕДЕЛА 22.02.2015 18:00 (мала сала)
Цена на влезници: 150 денари