MOONLIGHT
Филм добитник на 3 Оскари и Златен Глобус за најдобра драма. Во фимот се прикажани три периода од животот на еден афро-американец Хирон: неговото детство, тинејџерските денови и раната зрелост. Како дете тој расте со неговата самохрана мајка која што е крек зависник во маало полно со криминал . Тој е срамежливо и повлечено дете, што се должи на неговата големина и запоставувањето од неговата мајка, која што повеќе се грижи за исполнување на нејзините потреби отколку грижата околу својот син. Хирон често е мета на малтретирање. Покрај неговиот кубанско-америкнаски пријател Кевин, Хирон добива совети за живот од маалскиот дилер Хуан, кој заедно со неговата девојка Тереза му нудат засолниште во нивниот дом како од сите насилници така и од неговата мајка Паула. Со вакво проблематично детсво, Хирон можно е да се соочи со големи проблеми од неговите врсници кога ќе ги достигне тинејџерските години, освен ако не ги следи советите од Хуан дека потребно е сам да ги донесува одлуките во животот.
Жанр: Драма
Траење на филмот : 118 минути
Режија: Barry Jenkins
Улоги: Mahershala Ali, Shariff Earp, Duan Sanderson
Возрасна категорија: Continental Film doo
Дистрибутер: Четврта категорија, 16+
Датуми на прикажување:
Понеделник | 20.03.2017. | 22:15 |
Вторник | 21.03.2017. | 22:15 |
Среда | 22.03.2017. | 22:15 |
Цена на влезниците: 150 денари.