Скопје, рани 90ти, прослава на Национален празник на од неодамна формираната независна држава Република Македонија, истовремено и 10 годишнина од бракот помеѓу Никола, заменик министер и неговата сопруга Ана. Приказната започнува со нивното враќање дома од приемот кај Премиерот. Во текот на линеарното дејствие кое се одвива во една ноќ во која кулминира мрачната криза на главните протагонисти, проследуваме флеш бек секвенци од приемот кои ја следат втората наративна линија на оваа приказна каде се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство поради кој се уапсени министерот и неколку негови соработници. Тие се свесни дека нивниот дом е прислушкуван и точно знаат во кои простории се инсталирани направи за прислушкување. Ана разочарана дека Никола заборавил на нивната годишнина, започнува расправија. Никола обземен од стравот поради апсењата и дека и него го очекува истата судбина, упорно се обидува да го пронајде извештајот за приватизација на едно државно претпријатие, кој самиот го изготвил, а е причина за скандалот. Негова главна цел и преокупација е да го уништи извештајот и сите останати докази кои ги чува во својот дом, а кои го поврзуваат со случајот. На врвот на нивната расправија, тајната полиција се појавува во нивниот дом… По нивното заминување, Ана и Никола откриваат дека насекаде во куќата се инсталирани направи за прислушкување, дури и на места каде што сметале дека ги нема. Во новонастанатата ситуација, Ана заборава на својот гнев и е обземена од страв за судбината на својот сопруг. Тие повеќе не се расправаат. По долгата исцрпувачка ноќ, Никола решава да се помири со својата судбина и да го чека утрото. Но…
Жанр: трилер
Траење на филмот: 89 мин
Режија: Иво Трајков
Улоги: Никола Ристановски, Верица Недеска
Возрасна категорија:
Датуми на прикажување:
29.11.2015 НЕДЕЛА во 20:00 ч.
30.11.2015 ПОНЕДЕЛНИК во 20:00 ч. (МАЛА САЛА)
01.12.2015 ВТОРНИК во 20:00 ч. (МАЛА САЛА)
Цена на влезниците -100 ден