MIKE AND DAVE NEED WEDDING DATES
Мајк (Адам Давин) и Дејв (Зек Ефрон) се близнаци кои родителите ги принудиле да си најдат партнерки за венчавката на нивната сестра на Хаваите. Барајќи излез од оваа ситуација, тие поставуваат оглас на интернет кој станува вистинска медиумска сензација. Девојките Алис (Ана Кендрик) и Татјана (Обри Плаза) кои се јавуваат на огласот, никако не сакаат да ја пропуштат фантастичната прилика за авантура на Хаваите со браќата. Меѓутоа, животот не е секогаш онаков како што сте го замислувале, па така Мајк и Дејв не добиваат партнерки какви што очекувале.
Жанр: Комедија
Траење на филмот : 98 минути
Режија: Jake Szymanski
Улоги: Zac Efron, Adam DeVine, Anna Kendrick, Aubrey Plaza
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Датуми на прикажување:
25.08.2016 ЧЕТВРТОК во 22:00 ч.
26.08.2016 ПЕТОК во 22:00 ч.
27.08.2016 САБОТА во 22:00 ч.
28.08.2016 НЕДЕЛА во 22:00 ч.
29.08.2016 ПОНЕДЕЛНИК во 20:00 ч.
Цена на влезниците: 150 денари.