MAESTRO
Анри е млад актер, којшто сонува да игра во „Брзи и бесни“, но ќе се најде во ситуација да игра во филм на Седрик Ровер, заколнат припадник на авторскиот филм. Условите за снимање воопшто не одговараат на неговите очекувања…
Но, благодарение на шармот на неговата партнерка и благонаклонетоста на режисерот, ќе се појават дотогаш непознати чувства за него. Ровер, пак, вознесен од младоста и имагинацијата на Анмри, снимањето на филмот ќе го доживее како неочекуван подарок.
Жанр: комедија
Траење на филмот : 81 минути
Режија: Léa Fazer
Улоги: Pio Marmaï, Michael Lonsdale, Déborah François
Датуми на прикажување:
09.03.2016 СРЕДА во 20:00 ч.
Проекцијата ќе се одржи во мала сала. Влез бесплатен.