Kingsman: The Secret Service
Колин Фирт, Семјуел Л. Џексон, Марк Стронг, Мајкл Кејн и Тарон Еџертон ги здружуваат актерските сили во шпионскиот филм „Кингсман: Тајна служба“. Новиот филм на Метју Вон (режисер на филмот Икс-мен: прва класа, продуцент на филмовите Фајтер и Сенч) е снимен според познатиот стрип за британскиот агент ветеран кој ангажира млади сили во посебна единица во рамки на тајната шпионска организација Кингсман.
Во филмот „Кингсман: Тајна служба“ Колин Фирт собира избрани момчиња и девојки – потенцијални агенти кои не само што мораат да минат низ специјална обука, туку мораат и да усвојат цела низа манири на припадниците на високото друштво; да го променат својот изглед, начинот на облекување и зборување, што им паѓа многу потешко отколку задачите со кои ќе се справуваат како професионалци. Додека новата млада сила минува низ интензивна обука, се јавува глобална закана која доаѓа од страна на лудиот научник кого го игра Семјуел Л. Џексон.
Режисерот Метју Вон го напиша сценариото за филмот “Кингсман: Тајна служба“ со Џејн Голдман, а се откажал од најновиот Икс-мен (Икс-мен: денови на идното минато) токму поради споменатото остварување.
Жанр: Комедија, Акција, Авантура
Траење на филмот: 129 мин.
Режија: Matthew Vaughn
Улоги: Colin Firth, Michael Caine, Taron Egerton
Возрасна категорија:
Датуми на прикажување:
ЧЕТВРТОК 26.02.2015 22.15
ПЕТОК 27.02.2015 22.15
САБОТА 28.02.2015 22.15
НЕДЕЛА 01.03.2015 22.15
ПОНЕДЕЛНИК 09.03.2015 22.00
ВТОРНИК 10.03.2015 22.00
Цена на влезници: 150 денари