Bićemo prvaci sveta
Од продуцентот на најгледаната српска филмска и ТВ сага „Монтевидео“, ни доаѓа уште една вистинита спортска приказна посветена на кошарката.
„Ќе бидеме светски прваци“ е приказна за четири пионери кои ја основале Југословенската школа за кошарка и се заслужни за развојот на овој спорт во Европа – Небојша Поповиќ (Страхиња Блажиќ), Борисав Станковиќ (Александар Радојичиќ), Радомир Шапер (Милош Биковиќ) и Александар Николиќ (Марко Јанкетиќ). Централното случување е финалниот натпревар на Светското првенство во Љубљана, 1970 г., повеѓу тимовите на Југолавија и Соединетите Американски Држави.
Низ призмата на главниот лик Небојша го следиме развојот и животниот пат на ентузијастите кои со својата професионалност, идеи и напори го оствариле својот сон – првиот златен медал на Светско првенство, со огромна помош од истомислениците од сите краеви на поранешната земја.
Жанр: Драма, Историски, Комедија
Траење на филмот: 126 мин.
Режија: Darko Bajić
Улоги: Strahinja Blažić, Miloš Biković, Aleksandar Radojićić, Marko Janketić
Возрасна категорија: Трета категорија, 12+
Датуми на прикажување:
ЧЕТВРТОК 19.03.2015 20.00
ПЕТОК 20.03.2015 20.00
САБОТА 21.03.2015 22.15
НЕДЕЛА 22.03.2015 20.00
ПОНЕДЕЛНИК 23.03.2015 20.00
ВТОРНИК 24.03.2015 20.00
СРЕДА 25.03.2015 20.00
Цена на влезници: 150 денари