Каспер е мало момче чии родители секојдневно се распрваат и го откажуваат семејниот одмор во Шпанија. За да го расположи, неговата најдобра другарка Ема го поканува на скијање. Кога едно момче од соседството ќе започне да поминува премногу време со Ема на зимувањето, Каспер ќе стане љубоморен. Дали ќе успее да ги победи своите стравови и да ја придобие назад својата најдобра пријателка?
Арне Линднер Нес е еден од најценетите норвешки режисери на филмови за деца. „Каспер и Ема за зимување“ е продолжение на филмот „Каспер и Ема – најдобри пријатели“ кој влезе во селекцијата на меѓународниот филмски фестивал ТИФФ Кидс.
ТИТЛУВАНО
Игран, семеен
Препорачана возраст: 5+
Земја на потекло: Норвешка
Траење: 73 минути
18.12.2014 НЕДЕЛА во 18.00 ч.
Цената за единечен билет ќе изнесува 100 денари, а за групни посети 70 денари.