HOW TO BE A LATIN LOVER
Откако направи кариера од заведување богати постари жени, Максимо се жени со богата жена двојно постара од него. Размазен, му здосадува да се буди до сега веќе 80-годишната жена, но доживува најголемо изненадување кога ќе биде оставен поради помлад продавач на коли. Истеран од својата куќа и очаен да најде место каде ќе престојува, мора да се пресели кај својата отуѓена сестра, Сара и нејзиниот чуден но прекрасен син Хуго, во нивниот мал стан. Нестрплив да се врати во кругот на луксузот, Максимо го користи тоа што внук му е вљубен во школска другарка за да дојде до својата нова цел-нејзината баба Целеста, вдовица милијардер. Додека се обидува повторно да ја разгори својата моќ како латино љубовник, се зближува со својот внук Хуго и почнува да сфаќа дека да се биде латино љубовник значи дека љубовта кон парите не е толку важна како љубовта на твоето семејство.
Жанр: комедија
Траење на филмот : 105 минути
Режија: Chris Spain, Jon Zack
Улоги: Eugenio Derbez, Salma Hayek, Rob Lowe, Kristen Bell, Raphael Alejandro
Возрасна категорија: Premium Film
Дистрибутер: Трета категорија, 12+
Датуми на прикажување:
Четврток | 27.04.2017. | 20:00 |
Сабота | 29.04.2017. | 22:00 |
Недела | 30.04.2017. | 22:00 |
Цена на влезниците: 150 денари.