Приказната го следи животот на двајца бездомници кои живеат под еден запуштен мост. Мапет е хендикепиран, а Алек се грижи за него опсесивно. Деновите им минуваат еднолично додека не се појави Сара, уличарка која западнала во неволја. Тие криејќи ја кај нив стануваат како семејство. Еден ден Алек наоѓа стара запуштена куќа и се преселуваат во неа. Но имаат нов проблем, Мапет снемува од неговите лекарства. Бидејќи немаат пари да ги купат, Сара оди да краде и никогаш не се враќа. А Мапет умира пред очите на Алек.
Жанр: Драма
Траење на филмот : 85 минути
Режија: Марјан Гавриловски
Улоги: Никола Кузелов, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Дистрибутер: Номад АРТ
Датуми на прикажување:
Понеделник 22.05.2017.во 22:00 голема сала
Вторник 23.05.2017. во 20:00 мала сала
Четврток 25.05.2017. во 20:00 мала сала
Петок 26.05.2017. во 20:00 мала сала
Сабота 27.05.2017. во 20:00 мала сала
Цена на влезниците: 100 денари