Авторскиот тим кој што стои позади мегауспешниот серијал за „Темниот витез“, браќата Нолан, ни го претставуваат новито акциски спектакл „Интерстелар“ со овогодинешниот добитник на „Оскар“ и „Златен глобус“, Метју Мекконахи во главната улога.
Кога ќе дојде крај на нашите животи на Земјата, тим истражувачи ќе тргнат на најважната мисија во историјата на човештвотот: пат надвор од границите на нашата галаксија, со цел да откријат дали постои иднина за луѓето помеѓу ѕвездите. Филмот „Интерстелар“ е новитет на пофалениот Кристофер Нолан кој ја предводи плеадата на врвни актери на чело со добитникот на Оскар Метју Мекконахи. Покрај него, во филмот глуми и добитничката на Оскар Ен Хетавеј, номинираната за Оскар Џесика Частин, добитничката на Оскар Елен Бaрстин и добитникот на Оскар Мајк Кејн.
Жанр: Акција, авантура
Траење на филмот: 97 мин.
Режија: Christopher Nolan
Улоги: Matthew McConaughey, Anne Hathaway, Jessica Chastain
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Датуми на прикажување:Сабота во 22.15 ч
Цена на влезници: 100 денари