Филмот “ХАЈ – ФАЈ” создаден е според мотивите на истоимената театарска пиеса на Горан Стефановски.
Борис Бојановски, после пет години поминати во затвор, не успева да се снајде во ситуација која што ја наоѓа во сопствениот дом. Судирот со син му започнува околу некои тривијалности, но многу бргу се продлабочува во суштински генерацијски конфликт.
Филмот го следи развојот на односите помеѓу таткото и синот, врз кои се рефлектираат и некои пошироки општествени проблеми на современиот македонски и југословенски живот.
Режија: Владимир Блажевски
Сценарио: Горан Стефановски
Музика: Љупчо Константинов
Улоги: Фабијан Шоваговиќ, Данчо Чеврески, Елизабета Џоревска, Мето Јовановски, Вукосава Донева и др…
Година: 1987
Траење: 102 минути
Награди:
– 1987, Пула, Златна арена за режија за Владимир Блажевски 1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за монтажа за Петар Марковиќ 1987 ФЈИФ, Пула
– награда “Кодак” за фотографија за Мишо Самоиловски 1987 ФФ, Ниш
– Голема повелба за главна машка улога за актерот Фабијан Шоваговиќ 1987 Годишна награда на ревијата Екран за актерско остварување на Данчо Чеврески
16.11.2015 ПОНЕДЕЛНИК во 20.00 ч.