ГРАНД ХОТЕЛ БУДИМПЕШТА
The Grand Budabest Hotel
Густав е легендарен консиерж во познатиот европски хотел “Гранд Хотел Будимпешта“ во периодот меѓу двете војни. Тој е шармантен заводник кој го освоил срцето на старата богаташка Мадам Д. Меѓутоа, Мадам Д. изненадно починала, а според тестаментот кој е пронајден, се открива дека таа на Густав му оставила слика од непроценлива вредност. Приказната се комплицира бидејќи синот на починатата богаташка под ниеден услов не сака да го дозволи тоа и Густав одлучува да ја украде сликата. Во тоа му помага хотелскиот потрчко Зиро Мустафа кој се покажува како негов најверен пријател.
Жанр: комедија, драма
Траење на филмот: 99 мин.
Режија: Wes Anderson
Улоги: Saoirse Ronan, Edward Norton, Ralph Fiennes
Датуми на прикажување:
Четврток 13.03.2014 проекција во 20.00 часот
Петок 14.03.2014 проекција во 20.00 часот
Сабота 15.03.2014 проекција во 20.00 часот
Цена на влезници: 150 денари