ГОЛЕМАТА УБАВИНА
LA GRANDE BELLEZA
„Големата убавина“ е визуелно спектакуларен филм во кој се насетуваат моменти од класичните дела на Федерико Фелини. Новиот проект на Паоло Сорентино беше ентузијастички прифатен од фестивалската публика и од критичарите. Рецензентката на „Њујорк тајмс“ филмот го нарече „невообичаено забавна халуцинација“, а според „Варајети“ се работи за „неверојатна кинематографска гозба“. Новинарот Џеп (Тони Севило кој глуми и во „Гомора“) е дел од римските литературни кружоци уште од големиот успех на неговата една и единствена новела. Вооружен со ѓаволест шарм, тој со децении си го пробива патот низ богатиот ноќен живот. Но кога неговиот 65-ти роденден се совпаѓа со еден шок од минатото, Џеп почнува да ја врти својата духовитост против себе и своите современици и занемарувајќи ги екстравагантните ноќни клубови, забави и кафулиња, тој го доживува Рим со сета своја величенственост – вонвременски пејзаж со апсурдна, но неверојатна убавина.
Жанр: Драма
Траење на филмот:142 мин.
Режија: Paolo Sorrentino
Улоги: Toni Servillo, Carlo Verdone, Sabrina Ferilli, Carlo Buccirosso, Iaia Forte, Pamela Villoresi
Датуми на прикажување:
Четврток 10.04.2014 проекција во 20.00 часот – Голема сала
Петок 11.04.2014 проекција во 22.00 часот
Сабота 12.04.2014 проекција во 20.00 часот
Недела 13.04.2014 проекција во 20.00 часот
Мала сала
Цена на влезници: 100 денари