Foxcatcher |
Базиран на вистинска приказна, „Фокскечер“ ја раскажува мрачната и фасцинантна приказна за трагичниот однос помеѓу ексцентричниот мултимилионер и двајца борачи шампиони. Кога освојувачот на Олимписки златен медал во борење, Марк Шулц (Ченинг Татум) е поканет на имотот на богатиот наследник Џон Дупонт (Стив Карел) како би формирал тим кој би се обучувал за Олимписките игри во Сеул 1988 година, во неговата најмодерна вежбална. Шулц ја прифаќа можноста надевајќи се да се фокусира на својата обука и конечно да излезе од сенката на својот брат Дејв (Марк Рафало).
Жанр: Драма, Биографски
Траење на филмот: 129 мин.
Режија: Bennett Miller
Улоги: Steve Carell, Channing Tatum, Mark Ruffalo
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Датуми на прикажување:
ЧЕТВРТОК 05.02.2015 | 22.15 |
ПЕТОК 06.02.2015 | 22.15 |
Цена на влезници: 100 денари