ФИЛОМЕНА
Philomena
Новинар што пишува за политички теми наоѓа жена која се вика Филомена и која е во потрага по својот син. Филомена забременила како тинејџерка, во Ирска, 1952 година. Поради осудата на околината која ја нарекла жена без морал, детето ѝ е одземено и е дадено на посвојување во Соединетите Американски Држави. Наредните 50 години Филомена ги поминува во потрага по своето дете, а сега заедно со новинарот тргнуваат на пат за Америка. Филмот нуди уверлива приказна за човечката љубов и за загубата, суштински славејќи го животот.
Жанр: драма
Траење на филмот: 94 мин.
Режија: Stephen Frears
Улоги: Judi Dench, Steve Coogan, Sophie Kennedy Clark
Датуми на прикажување:
Четврток 15.05.2014 проекција во 20.00 часот
Петок 16.05.2014 проекција во 20.00 часот
Сабота 17.05.2014 проекција во 20.00 часот
Недела 18.05.2014 проекција во 20.00 часот
Мала сала
Цена на влезници: 100 денари