Постои свет во кој мечките живеат над земјата, во свои градови, а зајаците во своето подземје. Помеѓу двата вида владее страв и омраза. Меѓутоа, кога глушецот Селестин ќе пронајде заеднички јазик со сиромашната мечка Ернест, двата света ќе ги отфрлат. Помеѓу глувците и мечките се развива нераскинлив однос, но поради различностите кои постојат помеѓу нив, запаѓаат во неволја и принудени се да го одбранат своето пријателство.
Ернест и Селестин е француско-белгиска анимирана комедија која е направена според истоимениот серијал на книги. Филмот е прикажан на Канскиот филмски фестивал, а во 2013 година беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар анимиран филм.
СИНХРОНИЗИРАНО
Анимација, драма, комедија
Препорачана возраст: 6+
Земјан на потекло: Франција, Белгија
Траење: 80 минути
18.12.2014 ЧЕТВРТОК во 18.00 ч.
Цената за единечен билет ќе изнесува 100 денари, а за групни посети 70 денари.