Урбано ромско семејство живее во предградието на голем град; Татко Храст(34), мајка Аска (33), нивната ќерка Мануша(9) и Баба Илонка (55), мајка на Аска, добро позната гатачка. Одеднаш Баба Илонка умира, Аска е отпуштена од работа, додека Храст го губи слухот, па тој е отпуштен од бендот за погреби во кој бил трубач. Семејството одеднаш ги губи сите извори на приходи. Поради тоа отсечени се нивната електрична енергија и телефонската врска, Аска безволно се нафрла на клиентите на својата мајка и им предвидува среќа, додека безуспешно испраќа барања за било каква работа. Мануша не сака да оди на училиште, затоа што другите деца не ја прифаќаат…
Жанр: Музичка комедија
Траење на филмот: 90 мин.
Режија: Томислав Жаја
Улоги: Ракан Рушаидат, Антонија Станишиќ, Сабина Ајрула
Датуми на прикажување:
ПЕТОК 13.02.2015 20.00
САБОТА 14.02.2015 22.00
Проекции во МАЛА САЛА
Цена на влезници: 100 денари