Дејствието се случува во првата декада од 20 век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди.
Жанр: Историски, драма
Режија: Столе Попов
Улоги: Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски и др.
Возрасна категорија: Трета категорија, 12+
Датуми на прикажување:
САБОТА 20.09.2014- 20.00 Ч.
НЕДЕЛА 21.09.2014- 20.00 Ч.
ПОНЕД. 22.09.2014- 22.00 Ч.
ВТОРНИК 23.09.2014- 22.00 Ч.
СРЕДА 24.09.2014- 20.00 Ч.
Цена на влезници: 150 денари