DIPLOMACY
Дејството се одвива во текот на ноќта од 24 кон 25 август 1944 година. Судбината на Париз е во рацете на генералот Фон Шолтиц, којшто на наредба на Хитлер, се подготвува да го нападне градот. Како долгогодишен припадник на пруската војска, повинувањето на генералот на наредбите никогаш не било доведено во прашање. Токму ова го загрижува шведскиот конзул Нордлинг додека се искачува по тајните скалила кои водат од генералот до хотелот Мерис. Мостовите на Сена и најзначајните париски споменици како Лувр, Нотр-Дам, Ајфеловата Кула… се минирани и пред есплозија. Користејќи го сето дипломатско оружје, конзулот ќе се обиде да го убеди генералот да не се потчинува на наредбата за уништување.
Жанр: драма
Траење на филмот : 84 минути
Режија: Volker Schlöndorff
Улоги: André Dussollier, Niels Arestrup, Burghart Klaußner
Датум на прикажување:
24.02.2016 СРЕДА во 20:00 ч.
Проекцијата ќе се одржи во мала сала, влез слободен.