Џастин Бибер
(Justin Bieber’s Believe)
Овој неверојатен филм ќе ви даде интимен поглед на турнејата Believe на Џастин Бибер, распродадена низ светот. Не само што ќе имате прилика да доживеете визуелен спектакл од концертните снимки на Џастиновите најголеми хитови, туку ќе добиете и директна карта до бекстејџ и ќе бидете сведоци на организирана и одлично спроведена турнеја. Филмот нуди и ексклузивен поглед на животот на Џастин надвор од сцената. Следете го патот на Џастин од губитник кој сонува да свири на Медисон Сквер Гарден, во најголема поп-ѕвезда која е денес. Верувајте во Џастин Бибер.
Жанр: Документарен
Траење на филмот: 92 мин.
Датуми на прикажување: 01. и 02.02.2014
Термин: 20.00 часот
Дистрибутер:Cineplexx Скопје