THE GIRL ON THE TRAIN
Приказна за животот на Рејчел Ватсон после нејзиниот развод. Секој ден таа патува со воз за да стигне на работа во Њујорк и секој ден возот поминува покрај нејзината стара куќа во која живеела со нејзиниот сопруг кој сеуште живее таму со неговата нова сопруга и дете. Обидувајќи се да не се фокусира на болката таа почнува да го набљудува парот кој живее неколку куќи подолу, Меган и Скот. Таа си замислува прекрасен сон за нив во нејзината глава за тоа како се перфектна фамилија. Еден ден како што поминува со возот таа здогледува нешто шокантно што ја исполнува со бес. Наредниот ден се разбудува со тежок мамурлок без сеќавање на вечерта со модринки по телото. Единствено има чувство дека нешто лошо се случило. Тогаш вестите даваат известување дека Меган е исчезната. Рејчел се вклучува во истрагата и се обидува да свати што се случило со Меган, каде е и што точно самата таа правела вечерта кога Меган исчезнала.
Жанр: Трилер
Траење на филмот : 112 минути
Режија: Tate Taylor
Улоги: Emily Blunt, Rebecca Ferguson, Haley Bennett, Justin Theroux
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Датуми на прикажување:
06.10.2016 ЧЕТВРТОК во 22:15 ч.
07.10.2016 ПЕТОК во 22:15 ч.
08.10.2016 САБОТА во 20:00 ч.
09.10.2016 НЕДЕЛА во 20:00 ч.
11.10.2016 ВТОРНИК во 20:00 ч.
17.10.2016 ПОНЕДЕЛНИК во 22:15 ч.
18.10.2016 ВТОРНИК во 22:15 ч.
Цена на влезниците: 150 денари.