Себастијан е еден снаодлив и независен шестгодишник кој живее со својот дедо во мало село на француските Алпи. Благодарејќи на својата храброст и упорност, успева да скроти диво куче од кое се плашат сите жители во селото. Набргу потоа го нарекува Бела и двајцата стануваат неразделни пријатели, чиешто пријателство никој не може да го раздели.
Доколку го сакавте филмот „Леси се враќа дома“, оваа приказна ќе ве одушеви со својата топлина и преубавите прикажани пејзажи, како и приказната за едно прекрасно пријателство.
ТИТЛУВАНО
Игран,авантура
Препорачана возраст: 6+
Земја на потекло: Франција
Траење: 104 минути
13.12.2014 НЕДЕЛА во 12.00 ч. (МАЛА САЛА)
Бесплатен влез